Најдобриот тим во историјата на СП

Во идеалниот тим избрани се дури четворица Бразилци, а легендарниот Пеле, според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, едвај најде место меѓу 11-те најдобри. Интересно е пак, за Лионел Меси или Кристијано Роналдо немаше место ниту на клупата за резервни фудбалери.
Најмногу гласови (138.508) освои Бразилецот Роналдо, а најмалку од првите 11 доби Пеле (56.985). Зинедин Зидан доби 123.793 гласови, пред Диего Армандо Марадона, Бразилецот Ромарио, Италијанецот Паоло Малдини и Роберто Карлос.
НАЈДОБРИТЕ 11 НА СИТЕ ВРЕМИЊА НА СП (3-4-3):
Икер Касилјас – Паоло Малдини, Франц Бекенбауер, Роберто Карлос – Андрес Иниеста, Зинедин Зидан, Диего Марадона, Јохан Кројф – Ромарио, Роналдо, Пеле.
РЕЗЕРВИ: Јашин, Пујол. Карлос Алберто, Пасарела, Роналдињо, Ривелињо, Диди, Нескенс, Еузебио, Герд Милер и Клосе.