Најголем број на неверства се откриваат за време на празниците

За време на празниците колку и да е весело и убаво, воедно е и многу опасно за луѓето кои ги изневеруваат своите партнери, имајќи предвид дека најголем број од неверниците се разоткриваат во овој период од годината.

Докажано е дека неверниците во тој период, имајќи предвид дека се на одмор во кругот на семејството, потешко можат да сокријат тајни пораки и повици кои во текот на тие денови ги разменуваат со љубовниците.

Британската адвокатка Ајша Вардаг откри дека најголемиот број на двојки во Англија ги „ловат“ своите сопружници во неверството токму во текот на празниците и тоа преку СМС пораки.

„Луѓето се опкружени со сосемејството и тие кои имаат врска на страна се обидуваат да најдат начин да се слушнат со љубовникот. Најчесто излегуваат во двор и телефонираат, испраќаат пораки, а не водат сметка каде го оставаат мобилниот телефон,“ изјави адвокатот Вардаг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.