Најголемото семејство во Британија му посака добредојде на 18-иот член

Најголемото семејство во Британија стана поголемо за уште еден член, откако Сју и Ноел Радфорд го прославија доаѓањето на свет на нивното 18-то дете кое се вика Хејли Алфиа, објави Дејли меил.

Редфордс имаат сопствен бизнис со пекарство во Моркамбе, Ланкашир и не бараат никаква помош од државата. Мајката на блогот на семејството објавила дека малечката Хејли веќе е заедно со нејзините браќа и сестри и дека немаат намера да ја исклучат можноста за повеќе деца во иднина.

Средното име на новороденото девојче е во чест на нејзиниот брат Алфи, 17-тото дете кое Сју го загуби во 26-тата недела од бременоста.

bebe_britanija

Бебето Хејли се роди во средата минатата недела, откако мајката отишла во болница на редовен преглед.

Инаку Ноел и  Сју (43), веќе се родители на Крис (26), Софи (21), Клои (19), Џек (17), Даниел (15), Лук (14), Мили (13), Кејти (12), Џејмс (11), Ели (9), Ејми (8), Џош (7), Макс (6), Тили (4), Оскар (3), Каспар (2). Двојката исто така има и две вничуња.

Ноел и  Сју се заедно од детството, а таа за прв пат останала бремена кога имала само 14 години.

– Мислам дека ова ќе биде последно дете, но никогаш не велам никогаш. Нема активно да се обидуваме, но нема да користам контрацепција. Ќе оставиме се на природата, ако ни е речено да имаме уште деца, тогаш најверојатно ќе имаме, вели Сју.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.