Најмалку 112 настрадани во пожар во центарот на Буенос Аирес

Бројот на настраданите од пожарот во петокот во Буенос Аирес се искачи на 112 луѓе, од кои 52 лица се хоспитализирани, изјавил директорот на службата за итна медицинска помош во аргентинската престолнина, Оскар Балкарсе за телевизијата TN.

„Неопходна помош им е пружена на 112 луѓе, од кои на 60 таа им е укажана на самото место, а 52 луѓе се испратени во градските болници. Четворица од нив се во критична состојба“, рекол Балкарсе.

Додал дека засега тој не поседува со информации за смртно настрадани. Според непотврдените сознанија на телевизијата Todo Noticias, 55-годишна жена починала како последица од задушување со чад.

Пожарот избувнал во еден хотел во центарот на Буенос Аирес на познатата авенија Кориентес, посетувана од туристите.