Најмалку 12 загинати во пожарот во лондонскиот станбен коплекс во Лондон

Продолжува потрагата по настрадани во пожарот што уништи солитер во Лондон и во кој според досегашниот биланс загинаа најмалку 12 луѓе.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан изрази стравување дека бројот од 12 загинати може да биде многу поголем.

Станарите на таа 24-катна зграда со социјални станови го доведоа во прашање начинот како е граден објектот. Продолжува и истрагата за причините за пожарот.

Пожарот во зграда од 120 станови во Кенсингтон-Челси во западен Лондон, изби по полноќ во вторникот и според сведоци, се ширел со голема брзина.

Од 78 хоспитализирани, 18 се во критична состојба, а многу луѓе се водат како исчезнати.

„Сега се води комплексна операција што ќе трае повеќе денови“, изјави командантот на лондонската полиција Стујарт Канди кој рече дека не очекува да бидат пронајдени преживеани.

Гренфел тауер е изграедена во 1974 година и вчера речиси целата изгоре. Експерти тврдат дека зградата нема да се урне.