Најмалку 138 мртви во експлозиите во цркви на Велигден во Шри Ланка

Во експлозиите на Велгиден во три цркви и три луксузни хотела во Шри Ланка загинале најмалку 138 луѓе а уште 402 се ранети, соопшти ја болнички и полициски извори.

Само во една црква, во црквата на свети Себастијан во Катувапиту северно од главниот град Коломбо, загинале повечќе од 50 луѓе. Снмиките од црквата покажуваат цела на подот, крв на клупите, разурнат покрив. Медиумите јавуваат дека уште 25 луѓе загинале во нападот на црквата во Батикалоа во Источната покраина. Полициски извор рекол и дека една од експлозиите се случила во црква во Кочкисикаде во Коломбо,

Трите хотела во кои оддекнале експлозиите се „Shangri-La Colombo“, „Kingsbury Hotel“ и „Cinnamon Grand Colombo“. Сѐ уште не е познато колку жртви има во овие хотели. Според полициски извори досега е утврдено дека загинале 9 странски државјани.

Сѐ уште никој не ја преземал одговорноста за експлозиите во земјата којашто со децении бее во војна со тамилските сепаратисики до 2009 година, кога беа вообичаени експлозиите во главниот град.