Најмалку 16 жртви во невремето во Италија

Credito Thierry Pronesti

Бројот на жртвите во невремето коешто оваа седмица ја погоди Италија, во четвртокот се зголеми на 16 лица, соопштија властите, коригирајќи ја досегашната бројка од 13 смртно настрадани.

Претставници на противпожарната служба на северниот италијански регион Вале д’Аоста соопштија дека во планинската долина Гресоне во четвртокот утрото загинале двајца жители, во автомобил врз кој се урнало големо стебло, откорнато од налет на силен ветер. Сообраќајот на магистралниот пат на кој се случил инцидентот бил подолго во прекин.

Уште еден Италијанец повреден во невремето, починал во четвртокот во болницата во градот Болцано во регионотво Терентино-Алто Адиџе. Педесет и тригодишниот маж бил тешко повреден ноќта кон вторникот, кога на излез од тунел со своето возило удрил во дрвја кои биле соборени од ветрот на патот.

Невремето проследено со обилни дождови, силни ветрови, поплави и свлечишта го погодија во неделата Апенинскиот полуостров. Во понеделникот службата за цивилна заштита го објави црвеното (највисокото) ниво на метеоалар, во пет региони во северниот дел на Италија. Во четвртокот ова ниво на опасноста е задржано во регионот Венето и во четвртокот, каде што штетите се проценуваат на милијарда евра. Во другите регионот метеоалармот е симант на „портокалово“ ниво.