Најмалку 17 загинати во автобуска несреќа во Дубаи

Најмалку 17 луѓе ги загубиле животите во автобуска несреќа во Дубаи, соопшти тамошната полиција на Twitter коригирајќи ја претходната информација за 15 жртви.

Автобусот на оманската национална транспортна компанија „Mwasalat“ во четвртокот вечерта се удрил во сообраќањн зната на излезот од автопатот Шеил Мохамед бин Зајед во Дубаи. Автобусот се сообраќал на линијата од градот Миската и во моментот на несреќата во него имало 31 патник.

Претходно полицијата во Дубаи информираше за 15 загинати и уште пет тешко повредени патници. Не е познато дали новите жртви се од овие пет повредени.

Загинатите се од повеќе националности, а некои од нив се враќале во Дубаи од Оман по завршувањето на празнувањата на Рамазан Бајрам, пренесуваат медиумите во Емиратите.