Најмалку 18 мртви во пад на воен авион во Пакистан

22
(AP Photo/Anjum Naveed)

Најмалку 18 лица, цивили и петмина членови на екипажот, загинаа во населена област на гарнизонскиот град Равалпинди рано утрото во вторникот.

Во соопштението на пакистанската војска се вели дека авионот бил на рутински тренажен лет кога се урнал врз неколку куќи, а претходно екипажот не пријавил проблеми.

Типот на авионот не се наведува. Медиумските извештаи наведуваат дека по уривањето избувнал пожар кој зафатил неколку објекти. Според весникот The News International, авионот се урнал врз станбен блок, а во несреќата имало уште 16 повредени лица

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.