Најмалку 18 мртви во три експлозии во Могадишу (ВИДЕО)

Во ти бомбашки напади проследени со спорадични престрелки убиени се најмалку 18 луѓе а уште 11 други се повредени, во сомалиската престолнина Могадишу во саботата, соопштија во неделата локалните власти, но овој биланс веројатно не е конечен.

Првата експлозија се случила кога бомбаш самоубиец активирал автомобил бомба пред хотелот „Nasahablod Two“ на околу 600 метри од претседателската палата во Могадишу, а потоа вооружени милитанти влетале во зградата. Неколку минути подоцна автомобил бомба експлодирал во близина на поранешната зграда на сомалискиот парламент.

Спорадичната престрелка продолжила и наводно двајца исламистички борци на групацијата ал-Шабаб се наоѓале во хотелот.

Повеќето од жртвите се цивили. Меѓу загинатите е и висок полициски функционер и еден поранешен пратеник. Очевидци потврдиле дека престрелката продолжила по експлозијата.

Подоцна се слушнала и третата експлозија, откако еден од напаѓачите активирал самоубиствен елек полн со експлозиви.

Во текот на ноќта спорадични истрели сѐ уште се слушале во областа околу хотелот, во кој отседнуваат вообичаено сомалиските политичари и видни личности, вклучително и странски претставници.

Слично и на претходните стотици напади за кои одговорноста ја преземаше исламистичкта групација ал-Шабаб, по експлозиите на автомобил на влез од хотели или јавни објекти а потоа група од маскирани милитанти во униформи на сомалиските безбедносни сили влетуваат во зградите за да го зголемат бројот на жртвите.

Сомалиската исламистичка групација ал-Шабаб често изведува вакви напади во главниот град Могадишу, иако засега никој од оваа група не ја презема одговорноста за саботниот напад. Ал Шабаб се бори за соборување на владата која ја подржува Западот и сака да ја наметне својата строга интерпретација на исламот.

Радикалната исламистичка група Ал Шабаб (Движење на младите муџахедини) одржува тесни врски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, на која ѝ изрази лојалност во 2012 година, поради што нејзините челници минатата 2016 година беа цел на операции на американските командоси, а во Сомалија е активна од 2006 година.

Ал-Шабаб се смета за хетерогена организација којашто обединува голем број фракции, поделени по идеолошка и клановска основа. И покрај тоа, според експертите, таа останува силна групација и претставува сериозна безбедносна закана. Изминатите шест години Ал Шабаб се бори против централните сомалиски власти и ги попречува хуманитарните активности на ОН во земјата.

Сомалија се уште се бори со исламистичкиот бунт, истовремено обидувајќи се да се изгради по повеќе од две децении судири и хаос кои ја уништија земјата.

Сомалија престана да постои како унитарна држава во 1991 година со падот на диктаторскиот режим на Саид Баре. Како единствен легитимен орган во земјата меѓународната заедница ја признава федералната влада, која го контролира Могадишу и неколку околни области. Останатите делови на Сомалија се под контрола на непризнаени самопрогласени територии. Делови од јужна и северно-источна Сомалија се управувани од страна на локалните кланови и радикални исламски движења, вклучувајќи ги и оние поврзани со Ал Каеда. Територија на север и северозападниот дел од Сомалија е под контрола на непризнаената Република Сомалија.

Официјалните сомалиски власти немаат контрола врз ситуацијата во земјата. Пет илјади припадници на мировните сили Африканската унија, исто така, не можат да ја земат контролата врз безбедносната ситуација и под контрола имаа само неколку клучни стратешки локации во Могадишу. Во насилството во Сомалија од 2007 година, според статистиката на Обединетите нации, загинале повеќе од 20 илјади луѓе, а околу 1,5 милион се бегалци.