Најмалку 18 загинати во вториот земјотрес во Папуа Нова Гвинеја

Јужната висорамнина во Папуа Нова Гвинеа во средата ја погоди нов замјотрес со магнитуда со 6,7 при што загинаа најмалку 18 луѓе, соопштија локални функционери, една седмица откако во посилниот потрес кој срамни села животите ги загубија 67 луѓе.

Потресот кусо по полноќ по локално време ги погодил подрачјето само 31 километар југозападно од епицентарот на минатонеделниот земјотрес со магнитуда 7,5 степени.

Потресот во средата беше најсилниот во серијата земјотреси кои го погодија споменатото подрачје богато со природни ресурси и наоѓалишта на нафта, околу 600 клометри северозападно од главниот град Порт Моресби.

Властите од покраината Хела, соопштија дека според првите извештаи од теренот нов новиот потрес загинале 18 луѓе. Спасувачките екипи се борат да допрат до планинската област, бидејќи многу патишта се тешко оштетени или блокирани.

Меѓународниот Црвен крст предупредува дека ситуацијата може дополнително да се влоши доколку регионот го погодат врнежи, имајќи предвид дека настапува сезоната на дождовите, во која се вообиачени одрони и поплави. Според првичните процени на Црвениот крст наведува дека би можело да бидат погодени околу 143.000, 500 луѓе се повредени, а 17.000 морале да ги напуштат своите домови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.