Најмалку 19 загинати во експлозии во Дамаск

Чад се издигнува од неколкуте експлозии кои ја погодија сириската престолнина Дамаск на 2 јули 2017-та

Најмалку дванаесет луѓе, меѓу кои бомбашот самоубиец, загинаа во неделата во сириската престолнина Дамаск во експлозија на автомобил бомба, пренесуваат агенциите повикувајќи се на властите и цивилни опозициски организации, а според државните медиуми оваа бројка можеби е двојно поголема.

Според опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, покрај 12-те жртви, во експлозијата се ранети уште 15 лица, пренесе агенцијата DPA.

Меѓутоа, податоците за бројот на смртно настраданите се разликуваат во извештаите на светските агенции во зависност од изворите, па така AFP јавува за девет мртви, BBC за осум, а Reuters за седум убиени луѓе.

Сириската државна телевизија, пак, известува дека покрај експлозијата на автомобилот бомба во Дамакс се случиле уште две експлозии симултани експлозии во истата област, во кои животите ги загубиле најмалку 19 луѓе, а десетици се повредени.

damask avtomobil bomba

Според овој извештај, автомобилот бомба експлодирал кај џамијата Билал во близина на плоштадот Тахрир. Телевизијата извести дека безбедносните сили прогонувале три возила за кои имале сознанија дека се натоварени со експлозив а нивните возачи ги активирале пред да стасаат до своите цели. Возилата биле следени од нивното влегување во Дамаск, двете биле уништени во западен Дамаск додека третиот успеал да мине до плоштадот Тахрир и неговиот возач да го активира експлозивот.

Две подметнати како стапици бомби детонирале и во близина на плоштадот ал-Баитарах и во близината на училиштето Шухад, се додава во извештајот на сириската државна телевизија. Се додава дека експлозии имало и во населбите ал-Саадат и Баб ал-Ст алам, како и на Баб Тума Бороу и скверот Багдад на плоштадот ал-Кадир.

Сѐ уште не е јасно во кои од овие инциденти имало жртви.

Сириската престолнина Дамаск е цел на терористички напади на сунитски опозициские и џихадистички групации од март 2011 година. Најчесто цели на нападите се местата на кои се собираат припадниците на алавитската (шиитска) заедница и локациите кои се сметаат за секуларистички белези.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.