Најмалку 19 загинати во земјотресот во Индонезија

Најмалку 19 лица загинаа, а повеќе од 50 беа повредени во силен земјотрес што денеска го погоди индонезискиот остров Ломбок, велат официјалните претставници на власта.
Агенцијата за геолошки истражувања на САД објави дека земјотресот бил со сила од седум степени според Рихтеровата скала и на длабочина од десет километри.

По земјотресот следеле два земјотреси со средна сила и речиси 20 земјотреси додека се смируваше земјата.
Веднаш по земјотресот беше најавено предупредување од цунами, но подоцна беше откажано.

Ова е втор силен земјотрес на Ломбок,откако пред осум дена загинаа 17 лица, а преку 200 беа повредени. Тогаш силата на земјотресот беше 6,4 степени по Рихтер, а по кој се создадоа свлечишта и одрони. Поради тоа на познатиот вулкан Ринџани останаа заробени 800 туристи.
Земјотресите се почуствувани и на најпознатиот туристички центар во Индонезија, островот Бали.