Најмалку 23 илегални рудари во Зимбабве страдаа во поплавен рудник на злато

Најмалку 23 илегални рудари во Зимбабве се заробени и се стравува дека може веќе се мртви, окто рововите ов рудник за злато во кој работеле биле поплавени со вода од браната која попуштила, објавија во четвртокот државните медиумите.

Според весникот The Herald, илегалните рудари во Батлефилдс, 175 километри западно од Хараре, влегле во рудникот на земјиштето во сопственост на „RioZim“ и уште една компанија во вторникот навечер за да копаат злато, но се урнал ѕид на блиската брана поплавувајќи го рудникот.

Според процените заробени во рудникот се 23 луѓе и оти многу мали се шансите дека има преживеани, пишува весникот повикувајќи се на локалните функционери.

Владата побарала посилни пумпи од рудникот за платината Зимпласт, за да се извлечат телата од рудникот. Од „RioZim“ соопштиле дека неговите рудари работеле на земјиштетот каде што инцедентот се случил и дека помага во спасување на настраданите.

Зимбабве минатата година забележал рекордно производство на злато од 33 тони, според официјалните податоци.