Најмалку 25 жртви во катастрофалните пожари во Калифорнија

Најмалку 25 лица загинале во пожарите коишто проголтаа десетици илјади хектари во Калифорнија, каде што ветриштата може дополнително да го разгорат огнот, наведуваат во неделата локалните власти.

Повеќе од 250.000 луѓе промиле налози за евакуација од своите домови во големиот регион близу Сакраменто, главниот град на американската сојузна држава Калифорнија на западот од САД, како и во Малибу.

Пожарникарите се борат со огнените стихии на двата краја од државата, со пожарот „Камп“ во округот Бат, на северот, каде што е најголемото жариште и каде загинале 23 лица и со „Вусли“ во околината на Лос Анџелес и Малибу, каде што се пронајдени две тела во автомобил. Пожарникарите се справуваат со опасните ветрови Санта Ана, жешки и суви ветрови во внатрешноста на земјата кои ги прошируваат пожарите, според соопштенијата на тамошните власти.

Во неделата повеќе до 8.000 федерални, државни и локални пожарникари се справуваат со огнот, изјави на прес-конференцијата еден од службениците на протвпожарната агенција на Калифорнија, Скот Џејлбер.

Со силните ветрови огнот „Камп“, кој избувна во четвртокот, стана најразорниот кога и да е регистриран во Калифорнија, со повеќе од 6.700 уништени куќи, меѓу кои и една болница во Парадаја, град со 27.000 жители. Пожарот кој досега уништи повеќе од 40.000 хектари, само 25 отсто е под контрола, според податоците на противпожарната служба. Владата проценува дека за целосно совладување на пожарот ќе бидат неопходни најмалку три седмици.