Најмалку 27 мртви во судири во Триполи

Најмалку 27 луѓе се убиени а други 91 се ранети во судирите кои избувнаа оваа едмица во либиската престолнина Триполи, меѓу спротиставените милиции, истакнаа во четвртокот од либиското министерство за здравство.

Повеќето од жртвите се цивили, а многумина починале од здобиени изгореници, навеле болнички извори.

Распадот на либиската држава започна во 2011 година, кога земјите членки на НАТО ги поддржаа бунтовнциите во градот Бенгази, засилувајќи го вооружениот бунт против тогашниот либиски водач Моамер ел-Гадафи. Со масивна воздушна поддршка на авијацијата на Алијансата бунтовници по половина година го заземаа главниот град Триполи, а пота го пронајдоа и го егзекутираа Гадафи, близу неговиот роден град Сирт. Веднаш по неговата ликвидација, НАТО ја прекина својата воздушна кампања во оваа северноафриканска земја.

По соборувањето на власта на Гадафи во октомври 2011 година, судирите меѓу ривалските племиња во Себха се редовна појава која зад себе остава десетици мртви. Либија, каде што веќе седма година трае борбата за власт, досега не успеа да воспостави ред и безбедност на својата голема територија, на која беснее безвластието и крвавите судири на поранешните бунтовнички фракции, а зајакнуваат и радикалните исламистички групации како Исламската држава.

Од летото 2014 година Либија има два парламента и две влади, избраниот на општите избори парламент заседаваше во градот Тобрук а премиер на тамошната влада беше Абдула ал-Тани, а другиот на происламскиот Сеопшт национален конгрес заседаваше во Триполи, чија влада ја водеше премиерот Омар ал-Хаси.

Притоа, многу региони не ги контролираат централните власти и тие, особено на медитеранскиот брег, кои своевремено паднаа во рацете на борците на Исламската држава, а џихадистите беа зацврстени во Сирт од каде по долги борби беа истиснати од градот.

Сегашните судири избувнаа во понеделникот меѓу милициите во јужен Триполи. Примирјето е прогласено во средата вечерта. Во четвртокото Фајес Серај, прмиер на владата во Триполи, повика на почитување на примирјето.

„Треба да ги прифатиме компромисите и да престанеме да размислуваме во категориите победници и поразени. Побдникот треба да биде државата Либија, а не одредени групи луѓе или одредени градови“, изјави Серај во телевизиското обраќање до нацијата.

Тој го повика избраниот парламент во Тобрук и советодавниот Државен совет да го забраат прифаќањето на законите неопходни за одржување на изборите, кои според предлогот треба да се одржат кон крајот на годината. Одржувањето на изборите го поддржуваат и ОН. Во мај, на преговорите во Париз, спротиставените либиски власт договорија одржување парламентарни и претседателски избори на 10-ти декември.