Најмалку 30 мртви во експлозија во фабрика за пиротехнички средства во Индонезија (ВИДЕО)

Најмалку 30 луѓе загинале а десетици други се повредени во четвртокот во експлозија и пожар во фабрика за пиротехнички средства на западната периферија на индонезиската престолнина Џакарта, соопштија властите.

Телевизијата емитуваше снимки од густ чад кој се издигнува над складиштето на габриката во областа Рангеранга во Џакарта, индустрискиот центар на островот Јава.

Повикувајќи се на очевидци, медиумите пренесуваат дека имало две експлозии, една околу 10 часот утрото по локално време, а втората три часа подоцна, како и дека и двете можело да се слушнат на оддлеченост од повеќе километри.

Началникот на полицијата во Тангеранг, Хари Курниавана, изјави дека офицерите пронашле мртви тела кога влегле во скалдиштето на фабриката, пишува порталот Detik.com.

Десетици повредени се хоспитализирани во три блиски болници, додека телата на мртвите се однесени во полициската болница во Џакарта за идентификација.

Се верува дека неисправност на електричната мрежа ја предизвикала експлозијата, иако полицијата соопшти дека сè уште ја испитува причината.

Медиумските снимки од складштето на фабриката на компанијата „Panca Buana Cahaya Sukses“, која работела само два месеца, покажуваат пепел и остатоци, а забележливо е дека целосно недостига покривот.