Најмалку 35 повредени во протестите во Барселона

Во протестите кои избувнаа по притворањата на уште пет каталонски функционери меѓу кои и на кандидатот за претседател на каталонската влада Џори Туруљ кој се залага за независност на Каталотнија, повредени се најмалку 35 лица, соопшти во саботата лекарската служба на Барселона.

Околу десетина илјади огорчени демонстранти тргнале кон зградата на мисијата на шпанската влада во Барселона која е чувана со оклопни коли на шпанската Цивилна гарда. Кога демонстрантите се приближиле до полицискиот кордон дошло до туркања, па полицајците опремени со штитови ги удирале приврзаниците на независноста со пендреци. Полициски кордон пота им по препречил патот.

„Слобода за политичките затвореници“, истакнале демонстрантите на транспарентите. Виореле каталонски знамиња, а некои палеле фотографии на шпанскиот крал Фелипе.

Шпански истражен судија издаден налог за притворање во петокот на заговорникот за независност на Каталонија, Жорди Туруљ кој во саботата го очекуваше вториот круг од гласањето во покраинскиот парламент за избор на претседател на каталонската влада, што е знак дека Мадрид сака да предизвика уште едни предвремени парламентарни избори откако и на декемвриските партиите кои се залагаат за отцепување освоија мнозинство. Toj e еден од 25-те каталонски функционери кои се обвинети за бунт против Шпанија и организирање на референдумот за независност кој го забрани шпанскиот Уставен суд. Поради овие обвиненија, им се закануваат долгогодишни затворски казни.

Откако во петокот доцна вечерта беше информирано за притворот на Туруљ и уште петмина регионални функционери, беа објавени повици на протести ширум Каталонија.

Во саботата во каталонскиот парламент требаше да се одржи вториот круг од гласањето при што на Туруљ му беше потребно само просто мнозинство на гласовите „за“ во однос на „не“ без оглед на тоа колку пратеници гласале. Меѓутоа, сега поранешниот член на владата на Пучдемон сега е спречен физичка да присуствува на парламентарната расправа што е услов личноста да биде избрана за претседател. Претседателот на каталонскиот парламент поради тоа во саботата ја одложи седницата.