Најмалку 36 мртви во топлотниот бран во Индија

Топлотниот бран кој ја зафати Индија усмртил 36 лица од кои најмногу се сиромашни работници, објави во средата државната служба за временски непогоди, предупредувајќи дека рекордните температури се регистрирани во повеќе индиски сојузни држави отколку претходните години.

Во индиската престолнина Њу Делхи забележана е температура од 48 Целзиусови степени, што е највисоката измерена во овој град во исторјаа, додека во Чуруа, во северозападната држава Раџастан, темепературата се искачила дури до 51-от степен.

„Станува збор за најлошиот топлотен бран во историјата. Во текот на 2015 година беше забележан во девет држави, а сега се проценува дека опфатува 23 сојузни држави. Потврдивме 36 смртни случаи, од кои најмногу меѓу сиромашните работници кои додаѓаат од руралните области во градвоите во потрага по работа и подобар живот“, рекол за Reuters Ануп Кумар Шривастава, стричњак за супши и топлински удари вио државната служќбна за непогоди NDMA.

Во Индија во текот на летните месеци вобиачено владее недостиг од вода, но годинава ситуацијата е особено загржувачка во западните и јужните држави во кои во 2018 година немаше многу врнежи за време на сезоната на монсунските дождови. Во NDMA предувдуваа дека топлотниот удар ќе ја погоди Индија кон средината на март, но времето стана екстремно кон средината на мај, и се очекува дека ќе трае до средината на јуни.

Има сѐ повеќе градови кои се соочуваат со горештините споредено со изминатите години и во кои се регистрирани температури над 45 Целзиусови степени. Иако во Индија имаше над 2.000 смртни случаи поради топлотниот удар во 2015 година, бројот на смртните случаи се намалуваше во следните три години, бидејќи беа водени кампањи за подигнување на јавната свест кои се прошириле во повеќе сојузни држави“, соопштил Шривастава.

„Сакавме да го намалиме бројот на смртните случаи на едноцифрена бројка оваа година. Многу политичари беа зафатени со изборите што влијаеше и на кампањите за подигнувае на свеста“, дадал. Општите избори во Индија се одржаа од 11-ти април до 19-ти мај.