Најмалку 38 повредени во судирите во Каталонија (ВИДЕО)

414
© AP Photo/Manu Fernandez

Најмалку 38 лица се повредени во неделата во шпанската покраина Каталонија во судирите меѓу шпанската полиција која се обидува да не го дозволи одржувањето на референдумот за независност на покраината и луѓето кои протестираат, објави на Twitter министерството за здравство на овој автономен регион.

Според информациите, повеќето од повредени имаат полесни повреди. Но девет лица се потешко повредени и се хоспитализирани, соопштија здравствените органи.

Во информацијата се додава дека секторот „за здравствена заштита пружи помош на 38 луѓе“, кои настрадале поради дејствијата на „шпанските полициски органи“.

Полицијата во цела Каталонија го одзема секој материјал кој е поврзан со референдумот за независност, кој централните власти во Мадрид го сметаат за незаконски. Интервентната полиција, исто така, ги зазема местата одредени за гласање, во коишто од петокот се забарикадирани поборниците на каталонската независност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.