Најмалку 46 загинати во свлечишта во Јапонија

Најмалку 46 лица загинаа, а 45 се водат како исчезнати по силното невремето проследено со јак ветер и поројни дождови, што ги погоди западните делови на Јапонија, предизвикувајќи поплави и лизгања на земјиштето. Најмалку 1,5 милиони луѓе се евакуирани.

Властите соопштија дека поголемиот дел од исчезнатите лица најверојатно ги однеле надојдените води, додека за околу 15-тина се претпоставува дека се наоѓаат под наносите од кал преизвикани од свлечиштата кои затрупа неколку куќи во префектурите Кјото и Хирошима.

Поради поплавите и лизгањата на земјиштето сообраќајот е во прекин на повеќе патни правци.

Локалните власти им препорачаа на жителите да се придржуваат кон предупредувањата за евакуација и за брзо реагирање во случај на невреме.
Најмалку 45 луѓе се водат за исчезнати по обилните врнежи од дожд во западниот и централниот дел на Јапонија, при што загинаа 11 лица и евакуираат 1,6 милиони луѓе, објави телевизијата НХК во саботата.

Јапонската метеоролошка агенција издаде специјално предупредување за четирите префектури на јапонскиот остров Хонши, повикувајќи на претпазливост поради лизгање на земјиштето, раст на речните води и силни ветришта за време на она што го нарече „историски“ невидени дождови.

Јапонските власти открија дека на терен се 48.000 полицајци, пожарникари и припадници на јапонската армија кои треба да одговорат на над 100 пријавени лизгања на земјишта и лица кои бараат помош.

До сабота наутро, 1,6 милиони луѓе беа евакуирани поради страв од поплави и дополнителни свлечишта, а дополнителни 3,1 милиони луѓе им беше советувано да ги напуштат своите домови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.