Најмалку 50 мигранти се удавиле крај брегот на Тунис

Најмалку 50 мигранти се удавиле во петокот кога им се превртело бротчето недалеку од тунискиот брег на Средоземното Море откако испловиле од Либија во надеж дека ќе стасаат до европскиот брег, објави агенцијата за мигранти при Обединетите нации, додека туниската државна новинска агенција TAP oбјави дека се удавиле 70 имигранти.

Станува збор за најголемата несреќа годинава на имигранти кои патуваа кон Европа.

Меѓународната организација за мигранти (IOM) при ОН објави дека пловилото испловило од соседна Либија, каде што новите судири предизвикаа бегство на населението од регионот на главниот град Триполи. Според IOM, во несреќата има 50 жртви, а 16 луѓе се спасиле. Засега не е познато од кои земји се настраданите имигранти.

Бротчето се превртило на околу 40 наутички милји од брегот на Сфакс, јужно од туниската престолнина, а преживеаните успеал да ги спаси рибарски брод, објави споменатата агенција. „Уште една трагедија во Медитеранот“, објави IOM.

Либискиот западен брег главна точка од коај имигрантите тргнуваат кон Европа. Бројот на имигрантите е во опаѓање откако италијанската влада започна да ѝ помага на либиската крајбрежна стража и да го спречува криумчарањето на луѓе.

Претходно во петокот портпаролот на UNHCR, Барбар Балох, рече дека ОН во повеќенаврати апелираа да се зголеми бројот на бродовите кои би можеле да ги соберат имигрантите и бегалците кои бегаат од „ужасната и страшна ситуација“ во Либија. Иако новите судири во Либија го попречуваат активностите на криумчарите на луѓе, меѓународните стручњаци за хуманитарна помош предупредуваат дека насилството ќе доведе поголем број Либијци да сакаат да избегаат од земјата.

Според податоците IOM, 2.297 имигранти погинале или исчезнал во Медитеранот минатата 2018 година, а 116.959 успеале по поморскиот пат да стасаат до бреговите на Европа. Сѐ уште не е позната судбината на 117 имигранти кои исчезнаа откако во јануари ја напуштиле Либија во голем гумен чамец, наведуваат од IOM.