Најмалку 52 жртви од труење со алкохол во Сибир

сибир

Жртвите пиеле лосион за капење кој содржи метанол. За овој случај е покрената и истрага, во која досега се уапсени четворица, осомничени дека го продавале лосионот, соопштуват локалните власти.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека за ситуацијата е информиран и рускиот претседател Владимир Путин и уверува дека се преземааат сите мерки за запирање на трагедијата, пренесува ТАСС.

Властите мораат бргу да дејствуваат и да ги забранат тие работи. Тоа е страшно. Мора да се стави крај на сево ова, нагласи рускиот премиер Дмитриј Медведев на седница на Владата.

Локалниот обвинител Станислав Зубовски изјави дека најголем број од починатите се регистрирани оваа недела, и дека уште деветмина се во тешка состојба.