Бројот на жртвите во Непал поради катастрпофалните дождови активирања на свлечишта на почвата во последните три дена се искачи на 55, додека повеќе десетици се повредени или се водат како исчезнати, и притоа илјадници други се принуден да ги напуштат своите домови, соопштија во неделата непалските власти.
Десетици илјади луѓе се евакуирани од нивните села поради непрекинатите монсунски дождови кои уште од четвртокот ги погодија планинските делови на Непал, потпувајќи притоа многу земјоделски површини, домови, мостови и патишта.
Министерството за внатрешни работи потврди дека загинале 55 луѓе, повредени се 33 а исто толку се водат како исчезнати. Речиси 30.000 службеници на безбедносните сили се мобилизирани за укажување на неопходната помош во 20-те погодени региони ширум земјата.
Североисточната индиска сојузна држава Асам, исто така, е погодена со големи поплави како последица од обилните монсунски дождови, кои присилија најмалку 2,6 милиони луѓе да ги напуштат своите домови. Во Асам се регистрирани 11 жртви, а во цела Индија се пријавени 35 жртви од невремето.
Во сосетниот Читагонг во Банлгадеш пријавени се десет жртви, речиси 500.000 луше се евакуирани, а најмалку 200 села се поплавени.
Властите во трите земји известуваат за големи економски загуби и големи оштетувања на инфраструктурите.