Најмалку 70 исчезнати на Филипини по разорниот тајфун

Стотици спасувачи во средата ја продолжуваат потрагата по десетици исчезнатии во масовниот одрон на земјиште кој го предизвика тајфунот Мангкут, одговорен за смртта на 81 лица на Филипини.

Повеќето мртви и исчезнато од северниот регион Кордиљера, вклучително и најпогодената покраина Бенгует каде што поради одрони е затрупана цело рударско место во Итонг. Спасувачите со лапати и други алатки копаат по палта во селото Укаб во општината Итонг, каде што се случил најголемиот од петте одрони на земјиште.

„И натаму семтам дека тоа се ’спасувачки операции’ бидејќи не сакам да ги загубам надежите дека таму сé уште ина преживеани.“, изјавил советникот на филипинскиот претседател за надгледување на операцијата на помош, Францис Толентино.

Повеќе од 260.000 жители се раселени поради тајфунот Мангкут, најссилниот годинава кој ги погоди Филипини, и нанесе големи штети на земјоделството, а вкупните штети се проценуваат на 270 милиони долари, соопшти Комиијата за национални катастрофи.

Филипини секоја година во просек ги погаѓаат 20 циклони кои предизвикуваат поплави, одрони и други несреќи. Еден од најсилните во последно време, супертајфунот Хаијан, ја погоди островската земја во ноември 2013 година, го разори централниот дел од архипелагот оставајќи зад себе околу 6.350 загинати и 1.050 сé уште се водат како исчезнати, а повеќе од 4 милиони лица мораа да ги напуштат своие домови.