Најмалку 81 жртва во силниот земјотрес во Иран

Најмалку 81 човек го загубил животот и уште околу илјада се повредени во земјотресот со магнитуда од 7,4 степени по рихтер кој во неделата ја погоди пограничната област меѓу Иран и Ирак, пренесува ноќта кон понеделникот иранската агенција Fars News Agency.

Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, според Американскиот геофизички институт, вечерва го погоди реонот на градот Халабџа во Ирачки Курдистан, во близина на границата помеѓу Ирак и Иран.

Епицентарот бил југозападно од Халабџа, на 103 километри југоисточно од ирачкиот град Сулејманија.

Според европскиот медитернаски сеиозмолошки центар, земјотресот бил 7,4 степени, на длабочина од 10 километри и 32 километри северно од иранскиот град Сарпол и Захаб, а ирачката метеоролошка служба пак информираше дека јачината била 7,5 степени.

Земјотресот предизвикал штета во најмалку осум ирански населени места, а во некои региони долшо и до прекин на електричната енергија.