Најмалку десет лица загинаа во железничка несреќа во Иран

Најмалку десет лица загинаа, а десетици се повредени при железничка несреќа во Иран.

До несреќата дошло кога патнички воз во кој имало 340 патници се судрил со товарен.

Истрагата за причините за несреќата е во тек, а бројот на жртвите би можел да се зголеми.