Најмалку девет алпинисти загинаа во Непал

Најмалку девет алпинисти ги загубија животите во масивот Гурја на планината хаулагириво Непал, во текот на силна снежна бура која го опустошила нивниот камп, објави во саботата непалската полиција.

„Девет лица, меѓу кои и членови на јужнокорејска експедиција, загинаа на западот од Непал, веројатно поради силната бура. Девет лица се сметаат за исчезнати“, изјавил портпаролот на непалската полиција Саилеш Тарпа.

Полицијата, исто така, објави дека станува збор за пет јужнокорејкси алпинисти, како и четворица непалски водичи. Силната снежна бура ги уништила нивниот логор поставен на надморска восочина од 7.193 метри.

Тарпа прецизирал дека спасувачкиот хеликоптер забележал осум тела на планината. Организаторот на експедицијата соопшти дека меѓу јужнокорејските планинари бил и хималајска ветеран кој прв во оваа земја ги искачил сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри.