Најмалку осум загинати во експлозија во детска градинка во Кина

Најмалку осум лица загинаа во експлозија во детска градинка во градот Ксужу во источна Кина, а уште 65 луѓе се повредени од кои осум се во критична состојба, соопштија локалните власти.

Кинеската новинска агенција Xinhua извести дека е идентификуван осомничениот за нападот, кој властите го квалификуваа како криминален чин.

Тој ја активирал експлозивната направа непосредно до градинката околу 17 часот по локално време во четвртокот, точно во периодот кога најголем број од родителите доаѓаат по своите деца.

Станува збор за 22-годишник со ментално заболување, кој паузирал од студиите за да заработи пари. Во изнајмениот стан полицијата открила материјали за правење бомби. Покрај тоа, на ѕидовите од станот имало повеќе натписи како „смрт“, „умрете“ и слично.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.