Најмалку пет убиени во пукање во основно училиште во Калифорнија

Најмалку пет лица, меѓу кои и напаѓачoт, се уиени а десет лица меѓу кои три се  деца се ранети со огнено оружје во вторникот во пукање во едно основно училиште во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, објавија локалните власти прецизирајќи дека напаѓачот е убиен.

Според локалниот телевизиски канал KCRA, кој се повикува на помошникот на шерифот Фил Џонстон. Инцидентот се одиграл во вторникот утрото по локално време во округот Техама.

Според Џонстон, пукањето започнало во една куќа и продолжила до основното училиште во Ранчо Техама, сѐ додека полицијата не го застрелала напаѓачот. Стрелецот неселективно пукал врз своите жртви. Тој бил вооружен со полуавтоматска пушка и два пиштола.

Според полицијата, инцидентот најверојатно започнал како семејно насилство. Според очевидци, пак, напаѓачот пукал врз жртвите од својот автомобил.

Поради пукањето, полицијата ги блокирала училишната зграда и околината, а повеќе од сто полициски службеници се распоредени на теренот. Џонстона за локалната телевизија KCRA од Сна Франциско изјавил дела одреден број деца биле евакуирани воздушно.

Ранчо Техама има 1.485 жители, според последниот попис. Местото се наоѓа на околу 135 километри северозападно од Сакраменто и 50 килоемтри јужно од Рединг, каде што некои од жртвите биле хоспитализирани.

Новата драма следеше десет дена откако маж го изврши најтешкиот масакр во историјата на сојузната држава Тексас, кога уби 26 лица во баптистичката црква во Сатерленд Спрингс.

Пукањата, вклучително и во училиштата, се многу чести во САД, каде што околу 90 лица секој ден гинат од огнено оружје и каде шти дебатата за контрола на огненото оружје не престануваат.