Најмалку седум ранети во пукање во училиште во Денвер

Седум или осум лица се повредени во пукање во вторникот по локално време во училиште во предградие на Денвер, во американската сојузна држава Колорад, пренесува локалниот канал на телевизиската мрежа ABC News.

Според репоретрот на телевизијата, двајцата напаѓачи во училиштето STEM во областа Хајлендс Ранч, биле аупсени од полицијата. Засега нема информации за степенот на раните кај повредените.

„Седум, можеби и осум, ученици настрадаа. Двајцата осомниечни се притворени. Ударната група сѐ уште ја проверува територијата на училиштето“, се наведува во соопштението на шерифот на округот на Twitter.

Се верува дека осомничените се малолетници, но не е јасно дали се ученици во училиштетот, изјавил на прес-конференција заменикот шериф на округот Даглас, Ноколсон Клут. Според неа, постојат соменвања дека дошло до конфликт меѓу двајцата приведен и некои лица во училиштето.

Во оваа институција има повеќе од 1.800 ученици до дванаесеттиот степен, додала Клут. Повеќе од 500 од нив се во основното образование, а пукањето се случило во делот каде учеле средношколци.