Најмалку седум загинати во безредија во затвор во Гватемала

Најмалку седум лица загинале а уште 17 други се повредени во вторникот кога дошло до пукање во затвор во близина на главниот град Гватамала Сити во истоимената земја, пренесува Reuters.

Според изјави на официјални лица, властите повторно воспоставиле контрола во затворот.

„Безбедносните сили веќе влегоа и ја вратија контролата над центарот. Што се однесува до бројот на убиените затвореници, седум мртви се потврдени“, рекол портпаролот на затворскиот систем во Гватемала, Карлос Моралес.

Првиот човек на одделот за затворски систем во Гватемала, Камиљо Жилберто Моралес, изјавил дека пукањето во еден дел од затворот се случило во текот на конфронтација меѓу затворениците. Според него, станува збор за судир меѓу пијани затвореници.

Портпаролот на министерството за внатрешни работи, пак, одговорил дека службените лица сѐ уште собираат информации за инцидентот.

Затворот „Павон“, оддалечен 16 километри од главниот град на Гватемала, има капацитет од повеќе од 4.100 затвореници. Во 2016 година во безредијата во истиот затвор загинаа 14 лица,