Најмалку шест мртви и десетиви ранети во самоубиствен напад во ирачки Тикрит

Најмалку шест лица се убиени, а 42 се ранети во средата во самоубиствен напад со автомобил-бомба кој експлодирал пред ресторан на автопат во близина на ирачкиот град Тикрит, соопштија полициски и болнички извори.

Цел на нападот во експлозијата бил ресторанот „ал-Кала“ во предградието ел-Хаџаџ, северно од Тикрит. Ресторанот бил често посетуван од припадниците на ирачките бебедносни сили и на паравоените локални полиции.

Повеќето од жртвите, според првичните сознанија, се ирачки државјани кои патувале туристички со автобус кој се запрел кај ресторанот.

Засега ниедна од милитантните групи кои дејствуваат во Ирак не ја презема одговорноста за овој напад. Меѓутоа, полициски извори за телевизијата Al-Sumaria велат дека тој ги носи одбележјата на нападите на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава.

Аналитичарите претполагаат дека Исламската држава ќе се обиде да покрене нов сунитски бунт во Ирак, откако беше уништен нивниот самопрогласен калифат од 2014 година на ирачка и сириска територија, а нејзините борци се потиснати од големи области на западен и северен Ирак. Џихадистите од тогаш водат кампања на киднапирање и напади од заседи на припадници на безбедносните сили, како и на цивили претежно од шиитското мнозинство.