Најмногу наврна во Маврово, дождовите продолжуваат и утре

метар

Во Скопје-Петровец и во Куманово наврнал еден литар на метар квадратен, во Претор, Тополчани, Охрид и Прилеп 2, во Крушево 3, и во Тетово и Скопје-Зајчев Рид 4 литри на метар квадратен.

Времето денеска, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е ретка појава на град. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни, особено во задните делови од земјава каде се очекува да наврнат околу 60 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен, повремено и силен ветер од јужен правец, повеќе ќе биде изразен во јужните и западните делови од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме и со услови за изолирана појава на град. Нестабилноста ќе биде позастапена во источната половина на земјава.

Во четврток врнежите ќе бидат со слаб интензитет, а на повисоките планини ќе преминат во снег. Променливо облачно и врнежливо ќе се задржи и во наредните денови, а температурата ќе биде во опаѓање.