Најморничавата теорија: Авионот е украден за да се предизвика Трета Светска Војна

Каде изчезна авионот на „Малезија Ерлајнс“ со 239 патници?- е прашањето што цела седмица си го поставува светската јавност, семејствата на патниците и разузнавачките и спасувачките служби, откако мистериозно го снема од радарите.

Во последниве неколку дена се развиваат многу теории за тоа каде е авионот, дали паднал во море или на копно, дали се живи патниците, а дополнителна мистерија е тоа што мобилните телефони ѕвонеа.

Според експертите не е јасно како од толку многу сателите не е можно да се лоцира местото на авионската несреќа – ако е несреќа! Експертите  сметаат дека со денешната модерна технологија ни човек не може да исчезне, а не пак цел авион со најразлични уреди за следење и лоцирање.

Тие потенцираат дека секој „Боинг 777“, како и овој што  исчезна, во себе има вградено црна кутија што може да истрпи огромни експлозии, а може да испрати сигнал и 30 дена по несреќата дури и да е на дното на Тихиот Океан. Но, тука нема сигнал од црната кутија, што е уште поголема мистерија.

Факт е дека контролорите на воздушниот сообраќај ја знаат точната локација на која авионот исчезнал од радарот, но ако претпоставиме дека тој експлодирал и паднал во морето досега ќе требаше да бидат пронајдени остатоците од авионот и негови делови да плутаат на површината на водата.

Семејствата на патниците се бесни – никој не им ја кажува вистината! Но, која е вистината и каде е авионот, дали е украден, приземјен, кои се скриените намери?

OVU TEORIJU ZAVERE NISTE ČULI: Malezijski avion ukraden da se započne Treći svetski rat! Evo kako...

Авионот е украден и ќе предизвика Трета Светска Војна?

Од сите можни теории за мистериозното исчезнување на авионот, една е позастрашувачка од сите други. Таа е објавена на радиото и порталот „Радио Турнер“, чиј основач е Хал Турнер, поранешен оперативец на ФБИ, кој од 2003 до 2008 година работел како доушник  за агентите на ФБИ за терористички напади. Откако ги завршил своите задачи, Турнер се свртел против Владата и почнал да објавува инсајдерски информации во јавност поврзани со агентите и изворите со кои работел пет години. Зад оваа теорија, според Турнер, стојат владини извори од Америка, што тој не може и не смее да ги именува.

Според него, исчезнатиот авион е украден и наскоро, кога ситуацијата ќе се смири, тој ќе биде искористен за нуклеарен терорстички напад со кој ќе се предзвика Трета Светска Војна.

Според сите негови извори сценаријата се идентични:

Авионот „Боинг 777“ е украден и е сместен на сигурно. Тој ќе биде целосно пребоен и од него ќе биде направен друг авион, на друга компанија. Тогаш тој ќе полета во исто време со тој авион (според и кој е направен) кој ќе лета според својата редовна и закажана линија. Но, овој украдениот ќе лета под радарите за да не биде приметен бидејќи ќе има инсталирано оружје односно ракети. Во одредено време ќе му биде јавено да ги испука проектилите воздух-воздух и да го уништи авионот кој лета над него, па да го замени на неговата редовна линија.

Со оглед на тоа дека украдениот авион ќе биде идентичен на тој што ќе уништи, тој само ќе го замени на неговата рута и никој нема да забалежи дека всушност е уништен. Авионот ќе ја следи закажаната рута се’ до неколку минути пред слетувањето, а тогаш ќе го промени правецот и ќе ги испали проектилите кон одреден град. Изворите на Турнер не кажуваат кој град ќе биде мета на напад бидејќи тоа е сеедно, зошто кој и град да биде нападнат ќе започне Трета Светска Војна. Според изворите од САД, дури ни пилотот нема да знае до последниот миг кој град ќе биде нападнат.

Нуклеарните проектили, како и проектилите воздух-воздух ќе бидат направени на нов начин, многу поразличен од оние кои сега се користат, па затоа овој терористички напад ќе биде многу поразличен од сите досегашни. Па, затоа нападот на јавноста ќе и биде претставен како една мистерија која никогаш нема да се реши. Изворите велат дека причината за предизвикување на Трета Светска Војна е да се уништи планетата од непотребните луѓе, односно градови што се масовно населени.

Се шпекулира дека овој напад ќе биде насочен кон Кина, односно некој град поради големиот број на жители. Но, нуклеарката може да биде пуштена во било кој светски град.  Исто така, изворите појаснуваат дека ситуацијата со Украина во овој момент го пренасочува вниманието од авионот и дека има причина зошто токму сега е украден.

Но, се поставува прашањето, каде се патниците од украдениот авион?

Тоа е тајна информација, но најверојатно се погубени. Се претпоставува дека во авионот патувале дури 20 научници кои работеле на таен проект за трансформирање на електрониката во нешто невидливо и неприметливо, односно се работи за тајните проекти на Никола Тесла. Тие би требало да бидат искористени поради нивното знаење, а потоа убиени.

Владините извори за радиото на Турнер истакнале дека никој нема да може да го спречи овој напад бидејќи веќе се’ е договорено, исто како за нападот на Кулите близначки во 2001 година.