Најнеефикасниот Реал во историјата загуби дома и од Леванте

Фудбалерите на актуелниот европски шампион Реал Мадид го доживеаја и четвртиот пораз во последните пет натпревари, откако во саботата во пладневната програма од 9-то коло на шпанското првенстви на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“ беа поразени од 1:2, а притоа овој тим на „Кралскиот клуб“ влезе во историјата како најнеефикасниот бидејќи дури цели осум часови игра не постигна погодок.

Реал Мадрид е во длабока криза, а средбата во саботата веројатно ја запечати судбината на неговиот тренер Хулиен Лопетеги, кој на општо изненадување ова лето за да седне на жешката требнерска клупа на „мадидистите“ се откажа од селекторската функција непосредно пред почетокот на Светското првенство во Русија.

Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ започна шокантно за домашните, бидејќи Леванте по само 13 минути игра веќе имаше водство од 2:0. Стрелци беа Хозе Луис Моралес Ногалес во 6 и Рожер Марти во 13 минута од пенал, а погодоците беа постигнати благодарејќи на кардиналните грешки на реаловиот бек Варан.

Лопетеги во второто полуврме во игра го внесе Герет Бејл и Карим Бензема, но голманот на Леванте, Ojeр Олазабал, правеше чуда. Сепак, во 72 минута го совлада Марсело Виеира, и тоа со неговата послаба десна нога, па Реал намали. До крајот траеше вистинска опсада на голот на гостите од Валенсија, но Реал не успеа да го постигне и вториот гол и да спаси барем бод.

Така Реал постигна гол дури по 481 минута или осум часови и една минута игра без погодок, што е нов негативен рекорд во 116-годишната историја на клубот. Реал не постигна гол на дуелите со Севилја (0:3), Атлетико Мадрид (0:0), ЦСКА Москва (0:1), Алавес (0:1) и 72 минути против Леванте.

По некомплетното деветто коло во водство е Алавес со 17 бодови од девет натпревари а втора е Севилја со 16 бодови и меч помалку. Актуелниот шпански првак Барселона, исто така, има меч помалку и е трета со 15 бодови, колку што има и четвртиот Атлетико Мадрид, а Реал е дури петти со 14 бодови. Леванте сега е седмо со 13 бодови.

Подоцна во саботата играа Вилјареал – Атлетико Мадрид и Барселона – Севилја, како Валенсија – Леганес. Во недела се среќаваат Рајо Валјекано – Хетафе, Еибар – Атлетик Билбао, Хуеска – Еспањол, Реал Бетис – Вајадолид, а во понеделник Реал Сосиедад – Жирона. Во четвртој Рајо и Атлетик ќе го одиграат одложениот меч од третото коло.