Најоригинална идеја – „МАХ“ мобилен сервис за велосипеди во викенди

669

Возењето велосипед има безброј придобивки, варијации од здравствени, до економски, социјални, еколошки… Последниве години наназад и Скопје се обидува да се профилира во мапата на градови кои го поттикнуваат велосипедизмот, и може да се забележи дека иако сѐ уште е скромно, постои нагорна тенденција, а бројот на луѓе кои патуваат до и од работа на велосипеди полека се зголемува.

Во таа насока, основачите на брендот „МАХ“ дојдоа до оригинална идеја и направија подвижен вело сервис.

Ваков сервисен пункт беше поставен во саботата во Градскиот парк, на петтото издание на „Вози право, вози здраво“ – ревијална трка  со цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето на велосипедите.

Основачите на брендот „Макс“, компанијата „АгроТехна“, информираат дека сервисот ќе се движи по должина на велосипедската патека од ГТЦ до Парк.

Услугата ќе биде бесплатна и достапна за викендите од 10-19 часот. Сите велосипедисти кои ќе имаат проблем со велосипедот, можат да пратат инфо на Вибер 078 482-999 и екипата ќе дојде да помогне.

Услугите кои се даваат се: Пумпање или менување на гуми, штелување кочници, менување на гумички на кочници, менување на сајла на кочници или менувач на брзини, подесување волан, седиште, затегнување на осовини….

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.