Најскапиот филџан кафе на светот чини 75 долари

Компанија која тргува со кафе од Лос Анџелес нуди филџан кафе од оваа напивка за 75 американски долари, и самата вели дека нејзиното кафе е најскапото на светот.

Компанијата „Klatch Coffee“ објави седмицава дека нивното кафе „Elida Geisha Natural 803“ е најскапото на светот, а клучот е во името. Поточно, бројката 803 се однесува на 803 долари платени за половина килограм од ова кафе на аукција.

Кафето е продадено на наддавање откако победило на натпревар за најдобро кафе од Панама. Вкупно биле достапни само 50 килограми, и тоа поттикнало жестоко натпреварување. Кафето е продадено на купувачи од Јапонија, Кина и Тајван, како и на еден купувач од САД.

Краен купувач била калифорниската компанијата „Klatch Coffee“ која набавила 5 килограми од оваа сорта кафе и сега ја продава по цена од 75 долари за финџалче во една од своите кафетерии во Сан Франциско.

Меѓутоа, во кафетерујата не може да се влезе туку-така и да се нарача шолја кафе. Мора да се резервира „искуството“ на дегустација на кафето.

Компанијата на својата интернет страница објави дека кафето има „цветен карактер и дека може да се почувствува јагода, малина и боровинка“. Исто така, се наведува дека веќе ја распродале половината килограм од кафето кое го купиле за 803 долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.