Најслаткиот хороскоп: Какво колаче сте според астрологијата?

Ѕвездите откриваат многу, Вашите особини, која боја Ви е омилена или пак каков љубовник сте, но ова дефинитвно е најслаткиот хороскоп. Базиран на основните карактеристики на ској знак, според овој хороскоп ќе откриет, како колаче сте.

Овен – колаче со фил од лимон: На огромната енергија и самодоверба со која зрачи еден овен, му одговараат само силни вкусови како оној на лимонот. На толку смелост и решителност, никој не може да ви застане на патот. Секогаш знаете како да ги започнете работите.

Бик – колаче со фил од морков: Традиционален вкус на колаче. Практични и вредни, но со прекрасен кремаст фил. Сте се соочиле со непријателите и сте издржале. Сите ја сакаат вашата поддршка, а вие никогаш не ги разочарувате.

Близнаци – чоколадно-ванила колаче: Плаќаш едно, а добиваш две. Имате две различни страни на карактерот, но тие прекрасно се спојуваат во совршена хармонија. Флертувате, но и сте сериозни, секогаш полни со став и вкус.

Рак – колаче со ореви: На моменти знаете да бидете премногу емотивни, но не грижете се. Како и ова колаче, меки сте, полни сте со сочувство и љубов, но сепак имате и своја тврда страна. Сите ја ценат вашата посветеност кон другите и неодоливата ексцентричност.

Лав – колаче со фил од тиква: Како филот со вкус на тиква на ова колаче, топли сте и самоуверени. Никој не може да ви одолее. Поседувате елеганција и скап вкус.

Девица – виолетово колаче со фил од мед: Вие сте деликатен цвет, исто како виолетовото колаче со фил од мед. Нежно и суптилно се обидувате да му помогнете секому. Понекогаш дури и премногу. Не преоптоварујте се. Седнете, опуштете се и уживајте во ова колаче со шолја топол чај.Вие во себе ги содржите сите нијанси на харизма и шарм. Создавате хармонија наспроти едноличноста која владее наоколу.

Скорпија – црвено кадифено колаче: Скорпии, зад вашата кул, смирена, воздржана надворешност, се крие страсна и полна со вкус внатрешност. Исто како овој вид колаче, во себе криете голем сплет на вкусови.

Стрелец – колаче со фил од кафе: Како и ова колаче, вие сте филозофски настроени и секогаш расположени. Можеби повеќе ветувате одошто остварувате, но сепак сте дел од секоја ужина. Одлично одите со чаша кафе.

Јарец – колаче со фил од ванила: Вие сте најсериозниот знак во хороскопот. Конвенционални, спремни да го решат секој личен или професионален проблем. Како и ванила-колачето, вие сте човек на кој останатите му веруваат и можат да се потпрат.

Водолија – чоколадно колаче со фил од ванила: Вашата силна чоколадна енергија совршено се сплотува со слаткиот, срамежлив вкус на ванилата и така двете заедно го создаваат ова колаче. Со еден збор, го имате најдоброто од двата света.

Риби – колаче со виножито-фил: Вие ги прифаќате луѓето и нештата онакви какви што се. Како и колачето со виножито-фил, вие сте уметнички души и посебни луѓе на кои сите им се восхитуваат.