Најстариот син на Хашоги пристигна во САД

Синот на убиениот саудиски новинар Џамал Хашоги пристигна во САД, откако кралството му ја укина забраната за патување која го спречуваше да ја напушти земјата.

Салах бин Џамал Хашоги, најстариот син на колумнистот на Вашингтон Пост, пристигна во САД доцна синоќа, изјави за Си-Ен-Ен извор близок до семејството.

Тој претходно неделава беше фотографиран како се ракува со саудискиот принц Мохамед бин Салман, де факто лидерот на Саудиска Арабија, кој призна дека неговиот татко бил убиен во конзулатот во Истанбул на 2 октомври.

Принцот се соочи со меѓународни критики, а многу офуцијални претставници се сомневаат дека тој морал да знае за убиството на Хашоги, наводно од страна на саудиските безбедносни агенти, а некои велат дека можеби тој го нарачал убиството.

59-годишниот Хашоги, кој беше американски државјанин и колумнист за Вашингтон Пост, ги критикуваше саудиските владетели. Тој исчезна откако влегол во конзулатот да бара документи за брак.