Најстариот ветеран: Пие виски, пуши цигари и има 108 години

Ричард Овертон, кој има 108 години е најстариот човек во САД. Тој својот ден го започнува со лажица виски во кафето, а пуши и цигари.

– Ставам виски во кафето. Понекогаш го пијам и чисто, вели тој.

Ричард се уште го вози својот стар камионет. Им помага на вдовиците да стигнат до црква и се уште се грижи и го средува дворот.

Да се потсетиме, тој има 108 години.

На прашањето кој е клучот за долг живот тој одговорил:

-Јас немам ништо со тоа. Тоа е работа на Бог. Но, мислам дека ќе успеам. Успеав да дотуркам до овде, ќе истуркам и подалеку, рекол тој.

Овертон е роден во 1906. година во Тексас. Служел во авијациските редови од 1942 до 1945. Прв пат се пензионирал кога имал 65 години, но од службата го барале назад уште четири пати.

– Имав речиси 100 години кога конечно се откажав, вели Ричард кој додава дека и тогаш го барале да се врати назад.

Ричард Овертон се уште живее во куќата која ја купил кога се вратил од Втората Светска војна.

Тој вели дека не би сакале да одите во војна доколку не морате и додава дека тој морал да го стори тоа. Минатата година Овертон отпатувал во Вашингтон за Денот на ветераните и се сретнал со американскиот пртседател Барак Обама, кој на еден настан зборувал за него.

-Кога војната завршила, Ричард се вратил во својот дом во Тексас каде неговата раса била речиси пред истребување, рекол Обама во 2013.

– Неговата служба не секогаш се совпаѓала со почитта која тој ја добивал дома. Но овој ветеран ја држел главата високо. Продолжил да живее гордо и достоинствено, додал тој.

Овертон за СиЕнЕн рекол дека никогаш не се надевал дека САД ќе има афроамерикански претседател.

– Но, конечно тоа се случи, рекол тој.

Иако Овертон е најстариот жив ветеран, тој е само три дена постар од Луси Кофи, најстарата жена ветеран. Кофи го посетила Вашингтон во текот на летото, кога потпретседателот Бајден флертувал со неа.