Најтрогателното проштално збогување

112

Работник од Зоолошката градина во Данска дошол да им каже збогум на сите негови колеги,  но и на животните бидејќи лекарите му соопштиле дека не му преостанува уште многу време поради ракот кој се шири во неговото тело.

Марио го поставиле на кревет во близина на кафезот со жирафите и лежејќи чекал да му се приближат за да се збогува со нив. Една од жирафите се доближила и како да разбира зошто е дојден Марио, се поздравила со него бакнувајќи го.

“Премногу е емотивно да се види дека животните разбираат што се случува, сфаќаат дека човекот умира” , изјавила директорката на Фондацијата “Ambulance wish”.

Марио го поминал речиси целиот свој живот работејќи во оваа Зоолошка Градина, помеѓу животните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.