Наков: Маршот на Владата за правда, нелогичен и со тоа покажа дека не успеала да ги спроведе реформите во судството

Маршот на Владата за правда индиректно значи и неуспех на реформите во судството. Ова го оценува правникот Александар Наков за телевизија Алсат-М.

Рече дека владата имала доволно време да спроведе соодветни мерки за подобрување на состојбата на судството во однос на барањата на граѓаните и меѓународните препораки.

Според Наков, овој марш докажува дека Владата е виновна за ситуацијата во судството, покрај судиите и обвинителите.

Тој марш не можам да го разберам. Правдата и правото ги бараат граѓаните, а не Владата. Граѓани излегоа синоќа, но во многу мал број. Ова покажува дека владата ниту го избрала времето, ниту вистинскиот начин да одговори. Овој протест или марш воопшто не беше неопходен. Секој знае дека избраните лица, вклучително и судии и обвинители, се должни да ја извршат работата што им е доверена, рече Александар Наков, поранешен обвинител.

Наков додава дека овој чин на власта е за да спречи реакција на опозицијата, која според него има доволно аргументи за да може од Владата да бара одговорност заради судските реформи.

Нема што да се крие. Владата не успеа да ги спроведе реформите во правосудството, почнувајќи од препораките на Прибе, Хојт Ји а и препораките на францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние кој беше многу директен за тоа што не е постигнато, што ни недостасува, кои се услови за членство во ЕУ и без извршување на овие задачи во некои поглавја, а особено во судството, датумот за преговори и членство ќе биде тежок, рече ѓНаков.