Нала сѐ уште си го чека сопственикот Емилијано Сала

Дваесет и осумгодишната Ромина Сала, сестра на исчезнатиот аргентински напаѓач Емилијано, кој веќе е прогласен за загинат откако се пронајде урнатиот авион длабоко во морето сподели фотографија од неговото куче.

Нала била спасена од шинтерница, а сега секој ден го чека својот сопственик да се врати дома.

Спасувачите пред два дена го пронајдоа паднатиот авион со кој патуваше Сала, речиси две седмици од моментот на исчезнување. Тие објавија дека во остатоците било видливо тело.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.