Налутената Хрватска и даде четири гола на Канада и ја испрати дома (ВИДЕО)

Светскиот вицепрвак Хрватска ја запиша првата победа на овој Мундијал во Катар и го направија првиот чекор кон пласман во осминафиналето, откако вечерва на крилата на Андреј Крамариќ кој даде два гола ја совладаа Канада (4-1) и против Белгија во „дербито“ ќе бараат заверка на елиминациската рунда.

Канада само ги налути „коцкестите“ со голот преку Алфонсо Дејвис за само 68 секунди, како дополнителна мотивација после некултурната изјава на селекторот на Канаѓаните, па после 25 минути, Хрватите се соземаа, до полувреме направија пресврт со головите на Крамариќ и Марко Ливаја, за 20 минути пред крајот Крамариќ со својот втор гол да ја завери победата, а Ловро Мајер во 90+4-та стави печат и со тоа ја елиминира Канада од трката за осминафинале.

Можеше Хрватска да дојде и до поубедлива победа, но голманот на Ц. Звезда, Милан Борјан со неколку интервенции спречуваше тотален дебакл на Канада.

После изненадувачката победа на Мароко против Белгија со 2-0, Хрватска и Мароко сега имаат по 4 бода, Белгија е трета со три бода, а Канада последна без бод со двата порази пред последното коло во четврток во кое Хрватска игра со Белгија, а Мароко со Канада.

На „коцкестите“ им треба само бод за верификација на осминафиналето, а исто толку и на Мароко, ако Белгијците не победат, а со играта во 180 минути и не оставаат впечаток дека може да ја минат групата.