Намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работници во иднустријата во јуни годинава во однос на јуни бележи намалување за 2,8 отсто, а за шесте месеци од почетокот на годината е забележан пад од 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пад од 1,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пад од три отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,5 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 3,7 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1,3 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,5 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за пет отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,1 отсто.