Намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во мај годинава во споредба со мај лани е намален за 2,5 проценти, а во периодот јануари – мај годинава, споредено со истиот период минатата година, за 0,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Бројот на работници во секторот рударство и вадење камен во мај оваа година, во однос на мај минатата година, бележи пад од еден процент, во преработувачката индустрија пад од 2,7 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,3 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во мај годинава, во споредба со мај лани бележи пораст кај капитални производи за 2,4 проценти, а опаѓање кај енергија за 1,2 процент, интермедијарни производи, освен енергија за 1,4 процент, трајни производи за широка потрошувачка за 5,8 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.