Намален бројот на ученици во основните и средните училишта во Македонија

Намален е бројот на ученици во основите и средните училишта на почетокот на учебната 2013/2014 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на учениците во редовните основни училишта во истиот период изнесува 191.051 што е намалување за 2,2 отсто однос на претходната учебна година.

Бројот, пак, на ученици во редовните средни училишта на почетокот на оваа учебна година е 86.418, што е намалување за 3,9 отсто во однос на претходната година.