Намален е бројот на барања за азил во Германија во 2019 година

Германијa ќе ги враќа лажните азиланти со воени транспортни авиони
Германијa ќе ги враќа лажните азиланти со воени транспортни авиони

Бројот на барања за азил во Германија во 2019 година е намален на 111.094, што е пад од 14,3 отсто во однос на претходната година, јавија германските медиуми.

Меѓу барателите на азил во Германија во претходната година најбројни биле сириските државјани со 26.453 барања, на второто место се најдоа Ирачаните со 10.894 барања, а на трето се Турците со 10.275 барања.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер изјави дека „бројката на баратели на азил во земјата опаѓа веќе трета година по ред“.

Тој, сепак, додаде дека миграцискиот притисок на надворешните граници на Европската унија и во Германија и натаму е голем.