Намален интензитетот на борбите во Идлиб по руско-турскиот договор

По руско-турските мировни напори во сириската северозападна покраина Идлиб, која граничи со Турција, намален е интензитетот на борбите, објави Кремљ во четвртокот.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега по должност Реџеп Тајип Ердоган во телефонскиот резговор во четвртокот утврдиле дека „значително се намалени тензии во зоната на деескалација во Идлиб“ се наведува во соопштението на Кремљ.

Двајцата челници се согласиле дека треба да се обнови прекинот на огнот за Идлиб постигнат минатата седмица во Москва, откако десетици труски војници загинаа во офанзивата на сириската владина армија во последното упориште на бунтовниците кои ги поддржува Анкара, но и на џихадистичките терористички групации во Сирија која е разорена со деветгодишниот конфликт.

Русија и Турција поддржуваат спротиставени страни во сириската граѓанска војна, чиешто започнување во март 2011 година беше поттикнато со интервенција на соседните сунитски земји, и се обидуваат да му дадат политички тек на воениот конфликт.

Во текот на споменатиот телефонски разговор меѓу Путин и Ердоган била потврдена и важноста од соработката на руската и турската страна во поддршката на примирјето, се додава во соопштението на Кремљ.

Истовремено во четвртокот турскиот министер за одбрана Хулуси Акар речле дека Анкара и Москва во голема мера се согласиле за поединостите за примирјето во Идлиб.

„Преговорите со руската воена делегација се во тек. Во голема мера постигнавме договор“, рече Акар без дополнителни појаснувања.

Руската воена делегација којашто претходно седмицава пристигна во Анкара. Двете страни дискутираат за поединосите од примирјето коешто, меѓу другото, предвидува заедничкио воени патроли и воспоставување на безбедносен коридор во Идлиб. Впрочем станува збор за иста одредба договорена веќе во септември 2019-та во Сочи, но која сега се обновува по тензиите од минатиот месец.

„Турските сили ќе останат во Идлиб и ќе реагираат на секое нарушување на примирјето“, додаде министерот Акар.